Украинскиот претседател Володимир Зеленски хистерично побарал од западните сојузници „да ја клекнат Русија на колена“ додека разговарал со нив во врска со мировната конференција за украинскиот конфликт, а која треба да се одржи во Швајцарија на 15-16 јуни, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на Шангајската организација за соработка (ШОС).
„На крајот на април, разговарајќи за идејата за швајцарската конференција со странските амбасадори во Киев, според некои учесници, Зеленски поголемиот дел од времето го поминувал хаотично во импровизирање и со речиси хистерични тонови барал поддршка за неговата „формула за мир“, односно како да се принуди Русија да падне „на колена“, рече Лавров.
Министерот посочи дека Западот на швајцарскиот самит ќе разговара за „мировната формула“ на украинскиот претседател во формат на ултиматум, кој потоа ќе ѝ биде претставен на Русија.
Претходно, на 21 мај, Зеленски, чии уставни претседателски овластувања истекоа еден ден претходно, во интервју за Ројтерс рече дека мировната конференција за Украина во Швајцарија ќе се обиде да го „обедини и зајакне меѓународниот притисок против Москва“. Зеленски изјави и дека на овој самит ќе биде претставена и Руската Федерација.
Официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, посочи дека „мировната формула“ на украинскиот претседател нема да стане начин за решавање на конфликтот, туку само ќе ја влоши реалноста на теренот за Киев. Захарова нагласи дека основата на овие преговори е макотрпната дипломатска работа.
На 18 мај, самитот за Украина во Швајцарија Лавров го нарече целосна глупост без никаква перспектива. Министерот смета дека западните држави сакаат да ја претстават „мировната формула“ на Зеленски како единствен можен план за решавање на кризата.
Рускиот претседател Владимир Путин на 17 мај истакна дека Москва не ги одбива преговорите, за разлика од Киев. Русија ги следи настаните околу јунската конференција за Украина во Швајцарија, изјави шефот на државата. Тој потсети дека руската страна не била поканета на состанокот.
Последната рунда преговори меѓу Руската Федерација и Украина се одржа во Истанбул на 29 март 2022 година. Тие траеја околу три часа. Подоцна, Киев официјално ги напушти контактите со Москва. На 4 октомври истата година, Зеленски ја стави во сила одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на земјата за забрана да се преговара со Путин.