Лазар Еленовски специјален пратеник на Владата во НАТО

Владата денеска на 56-та седница го назначи Лазар Еленовски за специјален пратеник за НАТО интеграции во Брисел.

Инаку, Еленовски од 1992 година е член на СДСМ а бил претседател и на Социјалдемократската младина на Македонија. Потоа премина во новоформираната НСДП, и беше министер за одбрана во Владата на Никола Груевски во периодот од август 2006 до јули 2008 година, а откако НСДП ја напушти коалицијата со ВМРО ДПМНЕ, тој ја формираше Социјалдемократската унија.

Со оваа партија тој учествуваше на изборите кога СДСМ ги бојкотираше, како на пример во 2013 година, кога преку оваа партија се кандидираа дел од членовите на СДСМ кои не се согалсуваа со првичната одлука за бојкот на локалните избори.

Еленовски во јули 2012 година беше назначен и за амбасадор во Брисел, како предлог на ДУИ, на која функција беше до 2016 година.

На денешната владина седница беа отповикани неколку конзули на Република Македонија, Ричард Голдман, Џејсон Мико, Томас Танеф, Ендру Димитри Пејкоф, Лоу Влашо, како и Пуршотам Карамангала Џајарам.

Владата, на истата седница, го именуваше Бујар Дарлишта за в.д. директор на Управата за водење на матични книги.