Kапитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го повредил коленото за време на олимписките квалификации во Гдањск.
Поради ова на Лазаров му претстои пауза од 7 до 10 дена, беше објавено синоќа на неговиот официјален сајт.
Лазаров вчера не настапи за Барселона во натпреварот од 25.коло во АСОБАЛ лигата против Анхел Хименес, на кој каталонците славеа уште една убедлива победа со 40-20, а се очекува најдобриот македонски ракометар ќе пропушти уште 2-3 натпревари од шпанскиот шампионат.
Сепак, Лазаров најверојатно ќе подготвен за настап во завршницата од Лигата на шампионите во која Барселона ја брани титулата.
Во четвртфиналето од ЛШ, Барселона ја очекува дуелот со Кил. Првиот натпревар е на 24 април во Кил, а реваншот на 30 април во „Блауграна“.