Лазаров го враќа Миркуловски во репрезентација, и како играч и како негов помошник селектор

Новиот селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров реши во репрезентацијата да го врати успешен поранепен репрезентативец Филип Миркуловски кој што моментално игра во германскиот клуб ХСГ Вецларr. Покрај ракометар, тој ќе биде и помошник на селекторот.

Лазаров покрај Миркуловски ги врати и Бранислав Ангеловски и Ацо Јоновски, а за помошник тренер е избрана Билјана Црвенковска, поранешна репрезентативка.