Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров утрово во 9 часот заминал во Загреб на детални прегледи за да се утврди тежината на повредата.
Лазаров синоќа по само 12 минути на дуелот со Шпанија го напушти натпреварот и до крајот преседи на клупата за резерви со облоги од мраз на ложата од десната нога.
Многу е мала веројатноста Лазаров да настапи на следните два натпревара на Европското првенство што Македонија утре и задутре ќе ги игра со Чешка и со Данска.