На денешната трибина во Карпош насловена „Промоција на политики – Македонија за сите луѓе“ свое обраќање имаше и претседателот на Комисија за економија, туризам и инвестиции на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Лазаров кој зборуваше за тоа како владата на СДСМ манипулира со просечната плата за која ветуваше дека ќе стигне до 500 рвра на крајот на мандатот.
„Дури и методологијата да е таква каква што е. Дури и да просечната плата во моментот да е 28.700 денари. Внимавајте таа беше ветена во 2016 година дека до крајот на мандатот ќе има 500 евра просечна плата па премиерот облекуваше железни опинци за да стигне до неа. Но, на крај јас ќе ви дадам една илустрација за да видите колку сме далеку од тоа ветување дури и денес веќе во вториот мандат. Просечната плата во мај оваа година е 28.700 денари, а ветувањето беше 500 евра плата, значи не 30 илјади туку 500 евра, па дури и ако двајца работат илјада евра плата итн. Ако тие 500 евра плата, по девизен курс некаде околу 30.800 денари, ја одземете таа разлика со 28.700 денари, ќе видите дека тоа е некаде 2000 денари разлика од втувањето и на прв поглед вака поединечно ќе речете добро блиску сме стигнуваме до таа плата, меѓутоа ако тие 35 евра, еве и 30 евра да е таа разлика, ги помножете по 800 илјади вработени, тоа се 24 милиони евра помалку доход за вработените во Македонија. Ако тоа го помножите со дванаесет месеци ќе добиете 280-300 милиони евра помалку пари кај вработените во Македонија. Тое е тоа промашено лажно ветување на оваа влада коешто се обидува да го прикрие на овој начин на кој практично тоа го прави“, потенцираше Лазаров.
Тој додаде дека платите можат да растат само преку зголемување на продуктивноста, а не како што владата дава по 30 милиони евра годишно за субвенционирање на платите на вработените во приватниот сектор наместо да се инвестира во компаниите и тие самите да инвестираат во нова технологија и машини.
„Во економијата платите растат само со зголемување на продуктивноста и никако поинаку. Да не заборавиме една работа дека во изминатиот период и се уште таа политика е активна, Владата троши народни пари, по 30 милиони евра годишно за субвенционирање на придонесите за зголемување на платите во приватниот сектор. Не се прави тоа така. Тие 30 милиони евра се инвестираат во компаниите тие да инвестираат во нови машини, во нова технологија за да продуктивноста расте и платите да растат на една оддржлива основа“, истакна Лазаров