Лазаров: Власта прави вештачко подигнување на очекувањата на граѓаните, ја губиме извозната конкурентност на економија

Во емисијата Економски магазин на Алсат телевизија гостуваше претседателот на комисијата за економија и финансии на ВМРО ДПМНЕ, Дарко Лазаров, кој истакна дека додека власта прави вештачко подигнување на очекувањата на граѓаните, ние ја губиме извозната конкурентност на македонската економија.

Морам да потенцирам и да бидам реален дека едноставно не чекаат тешки денови и за жал владеачката партија со ова вештачко подигнување на очекувањата на граѓаните ќе повторам предизборно брзање за избори и така натаму сака да се спаси од тоа што условно кажано не очукува во наредниот период, затоа што не очекува сериозна криза која што навистина ќе удри силно-нагласи Лазаров.

Лазаров додаде дека во делот на рестартирање на економијата, динамиката нема да биде едноставна бидејќи и таму се менуваат навиките на однесувањето на потрушувачите, нема да се врати се во нормала толку брзо, нема да се врати се таму кај што застанало, бидејќи сега практично проблемите уште повеќе се накалаемуваат во овој периот посебно кај увозните компании.

„Очекувањата за оваа година на НБРМ се дека извозот ќе падне за 20 % во апсолутен износ извозот на стоки во Македонија во 2019 година е 6 милјарди и 400 милиони евра, тоа се над 1 милјарда и 200 милиони евра пад на извозот на македонската економија. Факт е дека ќе падне и увозот затоа што дел од извозот има и увозна компонента меѓутоа она што го гледаме во 2019 година е многу загрижувачки. Ние ја губиме извозната конкурентност на македонската економија-потенцираше Лазаров.

Според Лазаров во периодот на целата 2019 година кога немавме криза имавме зголемување на трговскиот дефицит за цели 13 % или за 255 милиони евра во апсолутен износ, што според Лазаров значи дека динамиката на раст на извозот беше помала од динамиката на раст на увозот. Односно увозот растел многу повеќе отколку извозот.

„Ние во изминатите месеци имаме системски проблеми на намалување на извозната конкурентност на македонската економија.Видете ги податоците на НБРМ, 19% ќе падне извозот, проекциите се за 2020 а увозот ќе падне за 17% за помалку неголи падот на извозот и тоа ќе го продлабочи трговскиот дефицит и ќе го наруши бруто-домашниот производ и економскиот систем на македонската економија“, заклучи Лазаров