Лажат „Екологистите“ опасно

Со една од последните објави на организација за заштита на животна средина „Здрава Котлина“ – Струмица, конечно можеме да заклучиме дека согласно интелектуалните мисли на активистите на оваа организација може да се донесе заклучок. ЛАЖАТ „ЕКОЛОГИСТИТЕ“ ОПАСНО.

Споредуваат дека чистење на троска (шљака, јаловина) од поранешната топилница во Велес е исто како да се отвора нова топилница и дека ќе се случи трагедија во овие населени места. Каква измама. Па, ова неможат да го смислат ниту најголемите непријатели, а во истовреме садисти, на Македонија. Па, овие луѓе заслужуваат повеќе од правосудни казни. Посебно мислам на т.н екоактивист Игор Смилев кој ни објаснува за неговото лично искуство преку набој дека е хорор извадок од модерната историја.

Кога сме кај историјата. Ние како студенти моравме да полагаме предмет „Проектирање на металургиски објекти“. Прво што учиш е дека ружата на ветрови ја докажува дипломиран географ и во конкретниот случај со Велес, поради его трип на некогашен функционер – во комунистичка Македонија, ветровите дуваат во населено место. Наједноставно. Фабриката е поставена обратно од она што налага науката. Во недостаток на аргументи мене ме набедуваат и споменуваат дека сум велел да се реотвори Топилницата во Велес. Уште една измама од садистички настроени екологисти кон Македонија.

Топилници во Македонија мора да постојат на следниве места: Мариово, Криволак или пак поради новите технологии да користат сериозни прочистителни станици за води, за кои нашите јужни соседи би не благословувале.

Само будали политичари левичари се однесуваат „мазохистички“ кон „садистичките“ идеи на екологисти коа лажат со само една цел: Македонија мора да биде сиромашна.

Општина Велес има целсна поддршка од мене, особено Градоначалникот и Претседателот на Советот, храбро да тргнат во решавање на овој проблем и за сите работи може слободно да ги консултираат професорите од технолошко-металуршкиот факултет, најголемите научници кои се грижат за здравјето на граѓаните во цела наша држава, а особено во Велес.

За жал има уште патриоти во Велес кои читаат и може да објаснат како се одвива еден процес. Во Велес се случува чистење на токсичниот материјал од троската во некогашната топилница по машински пат. Постројката за процесот не е ниту во топилницата, а е оддалечена 800 метри од реката Вардар. Вака иде процесот.

Технолошкиот процес за сепарирање на троската се состои од следние постапки:

  • Водено одвојување на троската од шут и песок,
  • Селектирање на троската со гравитациско – магнетна метода,
  • Подготовка (дробење и мелење) на поголемите парчиња, за извоз
  • Товарање и транспорт на троската до крајниот потрошувач

Воденото одвојување на троската од шут и песок, селектирање на троската со гравитациско – магнетна метода и подготовка (дробење и мелење) на поголемите парчиња за извоз се изведува во 4 секции.

Троската се товари со Утоварна лопата или багер и се истура во приемен бункер (поз.2) врз кој има поставено статично сито со отвори 100×100мм (поз.1). Фракцијата +100мм паѓа од страна кај приемниот бункер и тука се лагерира. Тоа е шут, неопасен отпад кој после тоа го превзема Друштвото за собирање и примарна преработка на отпадоци со преземање на опасен и неопасен отпад.

Наспроти ова еден легандарен научник кој се вика проф. Др Трајче Стафилов го има дадено следново мислење. Го давам во оригинална форма. Со напомена. Мора да прочитате внимателно и до крај. Вака фунционираат научници од кои ние учевме.

  1. Досегашните истражувања покажуваат дека работата на поранешната топилница за олово и цинк во Велес довела до значително загадување на животната средина со тешки метали. Ова посебно се однесува на загадувањето на почвите за кои е утврдено дека има критично загадување со кадмиум, олово, арсен, бакар, жива, индиум, антимон и цинк на површина од 6,8 km2. Секако, до ова загадување допринела и емисијата на троска од депонијата на троска која се наоѓа непосредно до топилницата. Овие резулати се објавени во една научна монографија и еден труд објавен во меѓународно списание.
  2. Ова состојба довела и до значително загадување на зеленчуците кои се одгледуваат во бавчите од градот и неговата околина. Резултати од испитувањата на контаминацијата на зеленчуците ги имаме објавено во 3 научни списанија.
  3. Работата на топилницата, загадениот простор во самата топилница, како и на градот и неговата околината, но и постоењето на самата депонија на троска, довело и до загадување на воздухот со прашина со погоре наведените тешки метали. Резултати од застапеноста на овие метали во прашина од куќи во градот Велес и околината се обавени во 2023 година.
  4. Во 2006 година депонијата на троска од топилницата во рамките на проектот за изработка на Национална стратегија за отпад, дел за Индустриски отпад, е ставена на трето место по опасност за животната средина во Македонија.

Како резултат на тоа во 2008 година со финансиска подршка од Европската Унија изработена е претпроектна студија за состојбите со депонијата и со предлог мерки за нејзино решавање. До сега од страна на надлежните институции не се преземени никакви мерки предложени во оваа студија:

  1. Европската Унија дополнително вложи средства за исптражување на рударските и металуршките депонии во Македонија. Во рамките на овој проект извршени се детални истражувања на депонијата на троска во Велес и добиените резултати се објавени во еден научен труд:
  2. Сите овие истражувања покажуваат значитено загадување со тешки метали на животната средина во Велес и неговата околина, а на тоа има голем удел и постоењето на депонијата на троска од работата на топилницата што укажува на неопходна потреба од нејзино санирање и физичко отстранување.
  3. Самото решение предвидува само физички третман на троската без загревање и употреба на хемиски реагенси, односно сепарацијата опфаќа процес на сеење, ситнење, мокро мелење и мокра магнетна сепарација. Процесот не предвидува испуштање на отпадни води туку се работи на затворен воден систем со реупотреба на водата.

При овие процеси единствено може да се очекува емисија на прашина при процесите на сеење, ситнење и складирање на поедините фракции. Според проектот на оние места каде постои можност за емисија на прашина предвидено е прскање со вода и елиминирање на преносот на прашината во околината. Можноста за емисија на прашина од поедините добиени фракции предвидено е да се елиминира со нивни пренос во посебни поединенчни бункери.

Тоа значи дека научникот Стафилов заклучил дека доколку сите овие предвидени мерки редовно се во функција, а во исто време е обезбеден постојан мониторинг од страна на инвеститорот и од страна на надлежните институции овој процес може да биде применет без да има поизразено влијание на животната средина.

Затоа кога се сака да се биде еко активист мора прво да иимаш елементарни познавања. Затоа третиот Њутнов закон за акција и реакција не се учи во кафани и кооперации, туку по предмет Физика во средните училишта и факултети, а богами и од начинот на кој реагираат научниците.

Да живее Македонија!

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес