Ако по нешто ќе го паметам и треба да се памети овој период, тоа е поради лагите. Не, откажете од читање на шкрабаницава ако мислите дека е партиско, локално, домашно, политичко бамборење. Не, од од локалниве политички збиднувања кренав раце, бидејќи тоа е како да правам рецензија на епизодите на Бени Хил. Зборам за лагите кои доаѓаа, не смо од политичките фактори кај нас, туку од целиот свет!
МАГАРИЊА
Ако сте гледале, а сте, цртани филмови, памтите ли каков лик има Том или некој друг цртан јунак откако ќе сфати дека бил излажан? Секако, магарешки! Ако наутро во огледалото гледате лепотан кој се’ знае, тогаш имате проблем со видот! Сепак, имате магарешки уши! Магарето Коста рика! Оф, оф, се навредивте? Одма со: ПА ТИ БОЉИ ДА НЕ СИ? Не сум, ама знам оти убаво сам се видов и не е пријатно да гледаш глуп анимален лик, а знаеш дека е твој. Но, општиот локално-балкански курч е толку блескаво-спектакуларен што дифракцијата на фотоните го дегенерира во пријатен, импресивен, интелигентен ем продуховен лик, ма Бред Пит и Џорџ Клуни и сите научници на планетава да се спојат, толку шарм и лепота, ем знаење нема да се најдат како во потпросечен локалец овде. Да, оној на кој во изводот е пишан со коси цртки.
Ве прелажаа оти сиот ваш живот е базиран на лага и превара – на школо со врски, на работа со врски, на лекар со врски, на суд со врски, за секоја потреба, мито ем врски и за кој полов орган ви треба вистинско знаење кога се може да се заврши со шорт-кат? Примитивниот, лаком, дрчен ум ќе ги искористи сите можности да не работи, не учи, не се продуховува. Најобични магариња кои зборуваат. Том барем се свести дека е намагарчен, вие со својата глупост се гордеете! Сами станавте податни за манипулација.
А, на каков само вулгарно примитивен начин прелажуваат. Ако науката е егзактна, а 2+2 = 4 е аксиом, пред ваши очи се сруши сиот оној арогантен позерски научен дискурс на кој без поговор и критика решивме да му веруваме. До толку станаа безобразни да веќе не се ни трудат да се објаснат за небулозите. Место нив тоа го прави нивнатаа шарена булумента, кои се апологети на се’ и сешто што доаѓа од тие кругови кои буквално манипулираат со нашите животи.
Јас не сретнав двајца имунилози, лекари, виролози, ни кај нас ни надвор, потполно да се соглссат дека болеста е тоа и тоа и се ечи така и така. Да не зборам за абнормалниот шизфрен однос кога се појави на сцена и натибиотик како лек, кој секој е намент пред се’ за бактерии да лечи вурус!!! А, ме учеа дека науката е егзактна!
Секако имаше малку поразумни кои се потпрашаа ама добија лавина навреди, закани и омаловажувања од оние окоти кои како загари демант по мрежите дали некој ќе се спротистави на здравиот разум и да му го загорчат животот. Јас, годиниве против тие фецеси развив силен имунитет. Вие допрва ќе го јадете.
Но, од каде им толкава сила на социјалните мрежи и портали? Кој им даде толку моќ, како толку силно делуваат? Па, ние, секако! Црепови едни! Се’ додека се мачкаме со лајна како 5Г, рамни земји, елиени, полувистини за руско-српски оружја, кинески технолошки чуда, Бил Гејц, лажичето, а во исто време на прва криза гледаме прво да го спасиме г’зот на тој начин што купуваме тоалетна, дечките и тоа како на наша глупоча пумпаат мусклули. И кога 70% од нивните пишанки се издржани, со оние 30% ве лоботомираат док си рекол пиксла.
Како најново деновиве, чекам само нова лавина за самитот во Белград, кој наводно треба да се случи за пар недели, како што ми јавија и пишаа десетици луѓе, за кој ниеден новинар во Белград, со кои контактирав, абер нема, никаква безбедносна раздвиженост, ниту организација, ама они знаат повеќе од нас кои тоа ни е работа. Стоматолози, автомеханичари, продавачи, таксисти, месари и шофери и слични кои повеќе знаат одошто оние кои се занимаваат со информации. А, ни помалку ни повеќе Трамп, Путин и Си Ѓинпинг и тоа еве, сега… Нова Јалта… У Бегишу! О,Боже… Ма знам, сега откако ништо нема да се случи ќе ме отекуваат со објаснувања кои мрачни сили се вмешале и го спречиле тоа…
Да ви е јасно, одлично ве работат, токму вие што се занимавате со јутјуб наобразба, информации од балкански портали (оти повеќето се неписмени и не знаат ниеден светски јазик, па да направат релевантна компарација) кои живеат од морони и продаваат моронштина.
Дури и јас налетав на некои сериозни видеа каде човек, научник, од Австралија, лекар, со име презиме и лик кажува работи да се фатиш за глава. Му пишувам му праќам свои акредитации, мојот канал со 1.000 интервјуа и со замолница дали во живо или на писмено да ми одоговри на пар прашања… штама!!! Па, ме фати инат и најдов некои колеги по редакции на повеќе континенти да ми помогнат. Се заврши со не постои корисникот. А, пазете со лик! Каква спектакуларна режија! И некој тоа го плаќа, организира! Инат македонски и на уште дестина „проповедници“ им пишав за сите теми, од корона, до „Бил Гејц“ теории. Штама. Па, кога видов, ај викам мене не ме есапат, замолив едни дечки, продукција од земја на ЕУ со кои имав соработка да ми помогнат. Веднаш се нафатија. Знаете, мене и може да ме игнорираат, но редакција и продукција едноставно мора барем со негативен одоговор да ги услужиш… ШТАМА, НИШТО!
Мојот заклучок, дека вашата бунтовност, која се базира на про-простачки извори на разни видеа и ликови кои едвај сте слушнале со нив, извадени од контекст и сервирани токму да го предизвикаат тој ефект кој кај вас се создава, се иститие извори кои и ја прават целава скаламуција на светско ниво со коронава. И така, не може никој да фокусира точка до каде е вистина, а до каде е лага, затоа што сите тези и антитези они ги манипулираат. Колку што они лажат – вие соодветно им помагате!
Затоа не се занимавам со нашава ситна политичка боранија, која мора и прави онака како што ќе им кажат, а ние сме мераклии да не’ командуваат и одма се пупиме за доброто на сите!
„Јас сум магаре, со ушите нагоре, со опашот надоле!“
Автор: Јанко Илковски за НетПрес