Лажни дојави за бомби имало утрово во неколку деловни објекти во индустриската зона во Охрид и во едно училиште
Според него, вработените од индустриската зона, лоцирана во близина на градските гробишта, биле евакуирани, но за кратко вратени во работниот процес.
– Во координација со јавен обивнител, СВР Охрид ги презеде сите неопходни мерки и при тоа нема основаност во добиените дојави – изјави Димоски.
Тој не сподели повеќе детали околу дојавите, освен дека се работи за едно училиште и за една фабричка хала.
Поради дојава за поставена експлозивна направа, според информации на МИА биле евакуирани учениците во основното општинско училиште „Братство единство“, но по проверките биле вратени на настава.