Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје (8 основни училишта и 19 средни училишта и една градинка) и Битола (девет основни училишта и две средни училиште), како и Меѓународен аеродром Скопје, СЦ Борис Трајковски, Национална арена „Тоше Проевски“, Фудбалска федерација на Македонија, Ист гејт мол, како и неколку хотели, дека добиле пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.