Либерално демократската партија очекува премиерот Зоран Заев да ги информира сите коалициски партнери за договорот со Алтернатива за тие да одлучат дали тоа за нив е прифатливо или не.
„Немаше потреба да се прават овие театри еден месец и да се фокусира јавноста бидејќи државата има еден силен предизвик во декември, а тоа е почеток на преговори и целата енерија на политички чинители треба да се насочи кон решавање на овој проблем којшто ќе значи подобар животен стандард на граѓаните наместо да се занимаваме со личните позиции и кадровските решенија коишто очигледно се договорени. Очекуваме премиерот Заев и јавноста и нас како коалициони партии да не извести, да знаеме во каква нова влада влегуваме, дали тоа за ЛДП е прифатливо или не. Се разбира тоа е наша заедничка одлука со ДОМ“, изјави лидерот на ЛДП, Горан Милевски.
ЛДП и ДОМ имаат три пратеници, а едно министерско место во владата.