Лејди Гага би сакала да испроба и како режисерка

Малкумина остана рамнодушни на актерските способности на големата поп ѕвезда Лејди Гага, а откако воодушеви во филмот A Star Is Born (за кој доби и Оскар за најдобра песна), го повтори и во Куќата на Гучи.

За многумина нејзината изведба беше најдобар дел од филмот.

Во интервју за Deadline Gaga, таа признала дека предизвикот и`се допаднал и откако видела како се прават филмовите, може да се види во улогата на режисер: „Заинтересирана сум, да. Но, тоа е нешто што треба да го вежбам и да станам прецизна и вешта. Никогаш не би рекла дека би можела да бидам одлична во нешто што не сум го учела доволно“.

Мора да се признае дека и претходно режирала некои нејзини спотови, но додава: „Снимав кратки филмови за моите спотови и многу ги сакам. Но тие се засекогаш мои и дел од мојот живот. Да раскажам приказна, според мене, бара автентичност и знаење за снимање филм, и тоа е нешто што би сакала да го научам на ист начин како што учев глума“.

На крајот додаде дека ова е работа на која треба да и посвети значаен дел од животот, ако не и целиот свој живот, исто како што тоа го прават вистинските уметници.