
Лос Анџелес Лејкерс поведоа со 2-1 против Портланд Трејл Блејзер, како и Милвоки Бакс против Орландо Меџикс, а Оклахома Сити Тандерс намалија на 2-1 против Хјустон Рокитс, додека Мајами Хитс зголемија на 3-0 против Индијана Пејсерс во дуелите одиграни изминатата ноќ во Орландо каде што се игра годинешнава забрзана завршница во НБА лигата.
Лејкерс со 116:108 го победија Портланд во третиот меч од плеј-офот во Западната конференција за водсто од 2-1 во серијата до четири победи.
Леброн Џејмс ги предводеше победниците со 38 коша, 12 скокови и 8 асистенции. Ентони Дејвис додаде 29 коша, од кои дури 23 уфрли во второто полувреме, со 11 скокови и 8 асистенции. Кај Портланд најдобар беше Демиен Лилард со 34 коша и 7 асистенции, СиЏеј Меккалам додаде 28 поени со 8 скоковим а Кармело Ентони постигна 20 коша.
Оклахома намали на 1-2 во серијата отоко во дополнителниот период славеше над Хјустон со 119:107. Крис Пол постигна „тројка“ зо која Оклахома ја започна серијата од 12:0 на почетокот од продолжението.
Крис Пол мечот го заврши со 26 коша, 6 кокови и пет асистенции. Шеј Гилџес-Александер додаде 23 поени и 7 скокови, а Денис Шредер беше најдобар стрелец кај победничката екипа со 29 коша. Џејмс Харден даде 38 коша за Хјустон, додавајчи и 7 скокови и 8 асистенции, но беше исклучен, првпат оваа сезона, кога го направи шестиот фаул на четири минути пред крајот на продолжението.
Во Источната конференција Мајами га зголеми предноста во серијата на 3-0, откако со 124:115 беше подобар од Индијана.
Џими Батлер ги предводеше Хитс со 27 коша, Горан Драгич додаде 24 поени, додека Бам Адебајо впиша „дабл-дабл“ со 22 коша и 11 скокови. Маклком Брогдон беше најдобар кај Пејсерс со 34 коша и 14 асистенции, додека ТиЏеј Ворен додаде 23 коша,
Милвоки го совлада Оркандо со 121:107 и зголемија на 2-1 во серијата. Четвртиот натпревар се игра веќе во понеделник.
Јанис Антетокунмпо постигна 35 коша со 11 скокови и 7 асистенции кај победниците. Крис Мидлтон додаде 17 коша, 8 скокови и 6 асистенции, додека кај Орландо најдобар беше ДиЏеј Огастин со 24 коша.