Лејкерс на чекор од финалето: Јокиќ потфрли, Денвер немоќен…

ЛА Лејкерс се на само еден чекор од финалето во НБА лигата откако во финалната серија од Западната конференција триумфираа против Денвер со 114-108, поведувајќи со 3-1.

Леброн Џејмс и друштвото уште во првата четвртина дојдоа до двоцифрена предност која се одржуваше до почетокот на последниот период. Тогаш Денвер дојде до негатива од само еден поен (87-86), но „езерџиите“ сепак успеаја да бидат далеку подобри во клучните моменти доаѓајќи до заслужена победа.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=vd6p5_W3vcw&feature=emb_logo