Лејкерс славеа во Атланта, Бакс победија по два пораза

Актуелните шампиони во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс, стасаа до втората последователна гостинска победа со 107:99 кај Атланта, а низата од два пораза по ред ја прекинаа Милвоки Бакс кој на свој терен беа подобри од Портлант Трејл Блејзерс со 134:106.

Лејкерс со побета кај Хоукс ја завршија турнеата по Истокот на која во седум натпревари остварија сооднос на победи и порази 5-2. Леброн Џејмс постина 21 кош, вклучително и последните 9 поени за Лејкер на мечот, а имаше и клучна улога во одбранбените задачи во завршницата на натпреварите.

Ентони Дејвис и предводеше победниците со 25 коша, а Денис Шредер против својата поренешна екипа уфрли 16 коша. На Хоукс не им помонаа 25-те коша и дури 16-те асистенции на Три Јанг и 22 поени на Џон Колинс, а Клинт Капела врза 16 поени и 13 скокови.

 

По двата последователни пораза Милвоки повторно се вратија на победите со убедливата домашна победа од 134-106 против Портланд. Џру Холидеј со 22 коша, 7 скокови, 6 асистенции 3 украдени топки ги пополни сите статистички податоци. Боби Портс ое 21 поен со 8 скоковои. Од друга страна, двете најголеми ѕвезди на екипата завршија со поскромен учинок, Јанис Адетонкупмо заврши со 18 поени и 6 асистенции, а Крис Мидлтон со 17 коша и 9 асистенции. Насил Литл со 30 поени беше најдобар кај гостите кои го доживеаја третиот пораз во последните четири натпревари.

 

Со шест последователни порази Далас Маверикс се екипата со моментално најдлабоката резултатска криза во НБА лига. Вторпат во два дена на нивен терен беа совладеани од Феникс Санс, а победничката троја за конечните 109:108 ја постигна Девин Букер на 1,5 секунди пред крајот. Лука Дончич се обиде со звукот на сирената да погоди „тројка“ од далечина, но не беше прецизен.

Девин Букер го заврши дуелот со 24 коша, а најдобриот ираш на Санс беше Крис Пол со 34 коша, 9 асистенции и 9 скокови. Далас, пак, ги предводеше Лука Дончич со 25 коша и 8 асистенции.

 

Најубедливата победа изминатта ноќ со клупски рекорд од 28 погодени „тројки“ ја остварија Хјустон Рокетс кои со 136:106 славеа на гостувањето кај Оклахома Сити Тандерс. Ерик Гордон постигна 25 коша и погоди 5 „тројки“, а Хјустон првпат оваа сезона го мина надполовичниот сооднос на победи и порази. Друи и центарот Демаркус Кузинс погоди 5 „тројки“ вкупно постигнувајќи 17 поени.

Хјустон Рокетс до оваа сезона го држеа НБА рекордот со 27 погодени „тројки“, но ги надминаа Милвоки Бакс кои на еден меч реализираа 29 „тројки“.

Шеј Гилџес-Александер постигна 19 коша за домашната екипа, додека по 15 постигнаа Дариус Бесли и Хамиду Диало.

 

Во моментов најдолга победничка низа во лигата ја имаат Мемфис Гризлис кои до седмата последователна победа стасаа со уверливи 133:102 на гостувањето кај Сан Антониот Спарс. Дури деветмина гостински играчи постигнаа двоцифрен број погодоци, а ги предводеше Горгуи Диенг со 19 поени. Брендон Кларл додаде 18, а Кајл Андерсон и Де’Антони Мелтон по 17 коша. Сан Антонио ги предводеше Келдон Џонсон со 25 коша и 10 скокови.

 

Минатогодишните финалисти Мајами Хитс загуби шести пат во последните седум натпревари, а на домашен терен во продолжението беа совладани од Шарлот Хорнетс со 129:121. Ночекувано најдобар кај гостите беше Малик Монк кој постигна личен рекорд со 36 коша. Монк до овој меч имаше просек од 6,3 коша , а на овој имаше поодени 11 удари од 18 обиди од игра, од кои погоди 9 „тројки“ од 13 обиди, а со еден од нив на 17 секунди пред крајот на регуларниот дел со што дуелот го однесе во продолжението.

Ламело Бол првпат беше во стартната петорка на Хорнетс и го заврши дуелот со 14 поени, 7 асистенции и 5 скокови. Хитс ги предводеше Џими Батлер со 25 коша и 9 скоков, додека Бам Адебајо врза 23 поени и 9 скокови.

 

Чикаго Булс во својот „Јунајтед Центар“ со 110:102 ги совлада Њујорк Никс. Лори Маркканен постигна 30 коша за победниците, а Зах Лавин додаде 21 поен. Никс повторно ги предводеше Џулиус Рендл со 23 кош, 11 скокови и 7 асистенции.

 

Сакраменто Кингс славеа со 118:109 на гостувањето кај Њу Орлеанс Пелоканс, најмногу благодарејќи на Де’Арон Фокс кој постигна 38 коша и 12 асистенции. Харисон Барнс додаде 24 поени, а Ричаун Хлмс впиша 17 коша, 10 скокови и 6 блокади за Кингс. Брендон Инграм со 20 поени ги предводеше Пеликанс, додека Џош Харт додаде 15 поени и 13 скокови.

 

Кливленд Кавалирс како домашни ги совладаа Минесота Тимберволфс со 110:98 со 26 поени на Колин Секстон, и 23 коаш и 18 скокови и 5 блокади на Џарет Ален,. Дариус Гарленд додаде 19 поени и 11 скокови. Д’Анџело Расел додаде 18 коша за гостите, а рукито Ентони Едврдс заврши со 13 поени Минесота која загуби осум пати на деветте гостувања сезонава.