Водачот на францускиот Национален фронт, Марин Ле Пен,рече дека Европската Унија (ЕУ) е антидемократски монструм и дека Европа треба да сноси одговорност за она што се случува во Украина.
Таа изјави и дека ја поддржува идејата за федерализација на Украина и ја обвини ЕУ дека „додава масло на огнот“ нудејќи и партнерство на земја чија половина од нејзината популација е свртена кон исток.
„Европа ја прикажува Русија во лошо светло само за да и удоволи на САД, а наместо тоа Европа е таа која треба да има свој став. Американците сакаат глобално да ја прошират својата сфера на влијание, посебно во Европа, водени од своите интереси, а не од нашите“, вели за германскиот магазин „Шпигл“ Ла Пен.
Партијата на Националниот фронт, која е жесток критичар на ЕУ, освоила најмногу гласови на француските избори за Европскиот парламент на 25 мај.