Лепен повеќе нема да ја води партијата, се сели во парламентот

Претседателката на Националниот собир Марин Лепен најави  во понеделникот дека ќе поднесе оставка на позицијата челник на партијата за да се посвети на чело на пратеничката група во новото свикување на францускиот парламент.

За телевизијата TVBMF Лепен изјави дека откако нејзината десничарска партија постигна историски резултат од освоените 89 пратенички места во вториот круг од парламентарните избори одржани вчера.

На парламентарните избори коалицијата „Заедно“ на францускиот претседател Емануел Макрон не успеа да го задржи апсолутното мнозинство во долниот дом на француското Национално собрание. Наместо потребните 289 места, „Заедно“ освои 245 места во парламентот со 577 места, додека левичарската коалиција Nupes на левичарскиответеран Жан-Лук Меланшон, освои 131 место.