Годинешниот Лејвер куп, кој се одржа во берлинската „Убер Арена“, го освоија европските тенисери кои со вкупен резултат 13-11 беа подобри од тимот на Светот.
Во поголемиот дел од натпреварувањето, од петокот до неделата тимот на Светот беше во водство, а сето тоа заврши така што севкупниот победник го решаваше последниот меч во кој играа Шпанецот Карлос Алкараз и Американецот Тејлор Фриц. Алкараз доминираше на во овој меч, победувајќи со 6-2, 7-5, со што на Европа ѝ ја донесе петтата победа во историјата во ова натпреварување. Светот славеше двапати.
Светот беше многу блиску до целосно славје бидејќи поведе со 11-7 откако Бен Шелтон го совлада Данил Медведев со 6-7(6), 7-5, 10-7. Секоја победа во неделата вредеше три бода, а Европејците во игра ги врати Германецот Александар Зверев, кој во нов маратон го победи Американецот Френсис Тиафое со 6-7(5), 7-5, 10-6.
Тиафо и неговиот Свет тогаш беа многу блиску до славење бидејќи американскиот тенисер имаше водство од 1-0 во сетови и водство од 4-2 во вториот. Но Зверев успеа да направи пресврт во своја полза, а потоа Алкараз го затвори победничкиот одговор за Европејците.