
Претставници на корпорацијата ЛЕАР, која е водечки глобален добавувач на автомобилски седишта и системи за електрична дистрибуција, и министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак, денеска го потпиша договорот за отворање нова инвестиција во полошкиот регион, која се проценува на над 15 милиони евра.
Во новата фабрика, која во прво време ќе почне да функционира во постоечки објект, до крајот на оваа година ќе вработи 300 лица, а се очекува во следните неколку години бројот на вработени во фабриката за производство на автомобилски навлаки за седишта во Гостивар.да порасне до 3.000.
На потпишувањето на договорот за новата нвестиција присуствуваа премиерот Никола Груевски, вице премиерот Владимир Пешевски и министрите без ресор Висар Фида и Џери Нумоф.
Корпорацијата Леар вработува околу 132. 000 луѓе, а лоциран е во дури 34 земји ширум светот. На листата на Fortune 500, Леар е рангирана на 177-то место. Седиштето на Леар се наоѓа во Саутфилд, Мичиген.