![lebedovoezero](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/lebedovoezero.jpg?resize=696%2C467&ssl=1)
Култната балетска претства која изобилува со емоции и драма ќе биде поствена на сцената на Македонската опера и балет во среда со почеток во 20 часот.
„Лебедово езеро“ е еден од бисерите на балетската класика.
Балетот е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат првенците: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Во улогата на Ротбарт, Игор Веланоски. Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Бисера Чадловска.