![111](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/111.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Доаѓа зима! Реченица многу добро позната на верните следачи на серијата „Game of Thrones“ (Игра на Тронови).
Серијата стана толку голем хит што ја инспирира поп културата ширум светот.
А сега кога зимата пристигна, нејзините фанови добија можност да уживаат во зимската сезона во хотел во Лапонија, Финска, кој е целосно посветен на тематиката и ликовите од ова популарно ТВ шоу.
Проектот е дело на заедничка соработка помеѓу HBO Nordic/Ејџ-Би-О Нордик и SnowVillage – снежно село во Лапонија и просториите во хотелот се целосно изработени од снег и мраз.
За искуството да биде незаборавно, професинални скулптори од целиот свет се потрудиле во секоја соба да се наоѓа по една ледена фигури и реплика од ликовите на Џорџ Мартин, авторот на книгата „Песна за огнот и мразот“, врз чија основа серијата е адаптирана.
Љубителите на серијата можат да одберат дали да преспијат во собата „Braavosi Hall of Faces“ – салата на лицата Бравоси или да седнат на Железниот Трон/ Iron Throne, а исто така е присутна и раскошна скулптура на White Walker/Белиот Шетач над креветот во една од собите.
Хотелот „Игра на Тронови“ се наоѓа во населбата Китила, на 90 минути одалеченост од Хелсинки, и располага со 24 простории, од кои 10 од нив се апартмани за ноќевање.
Температурата во хотелот изнесува -5 Целзиусови степени, па препорачливо е во него да се остане само една ноќ, а остатокот од престојот да се помине во околните удобни простории.
Инаку, селото во Лапонија ја менува темата секоја година и се гради од 20 милиони килограми снег и 350.000 чист мраз. Хотелот постои долго време, но тематиката Игра на Тронови е нова.