![pendarovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/pendarovski.jpg?resize=696%2C405&ssl=1)
Наместо селективна правда од страна на претседателот Стево Пендаровски одлуката за помилувања да ја прошири кон сите неправедно осудени кои се во затвор, изјави во четвртикот пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, одговарајќи на новинарско прашање во врска вчерашната листа на помилувања на шефот на државата и осудените лица за собраниските настани од 27-ми април 2017 година
Лефков истакна дека треба да има неселективност во правдата и одлучувањата.
„Очекуваме неселективност во одлучувањето на Пендаровски, очекуваме неселективност во правдата. И наместо селективна правда по примерот на ваквата одлука таа да се прошири кон сите неправедно осудени кои се во затвор“, истакна Лефков.