Лефков: Ситуацијата во здравството е кататстрофална, граѓаните немаат доверба

Катастрофалната ситуација во здравството и во државата не заслужува вакви евтини кароке пресови како што одржувате. Болните во Македонија се лечат со спартанска медицина, еве на почетокот на вашиот говор споменавте дека престижното списаније Лансет споменал дека ова е синедмија која што тврди дека пандемијата е засилена од загаденоста итн, порача денеска од собраниска говорница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

Лефков посочи дека светскиот индекс за здрава нација Блумберг, Македонија од 2017 година до 2019 година забележала пад од 12 места што претставува поразителен факт.
Ајде да се навратиме во моментите пред пандемијата. За само две години од 2017 до 2019 Македонија забележа пад од 12 места на светскиот индекс за здрави нации според Блумберг. Според Блумберг во 2017 година сме на 44 место, за да 2019 година падниме на 56 место. За само две години Македонија е последна во регионот и сите поранешни екс ју републик. Дали знаете како Блумберг доаѓа до овој индекс? Дали знаете како доаѓа до податокот за мерење на квалитето на јавното здравје. Изворите за податоци кои ги користи Блумберг се податоци од Светска банка која вие ја споменавте, од Обединети Нации, вели тој.

Лефков додаде дека сликата за здравството е лоша, нагласувајќи дека граѓаните јавното здравство го оцениле со оценка доволен или два, како и дека од почетокот на година од Македонија се иселиле 400 лекари.

Погледнете ги руинираните болници во истокот, погледнете снимки од здравствени работници како туркаат амбулантни возила. Еве на 30 јуни погледнете какви снимки излегоа од Кочани, здравствени работници го туркаат амбулантното возило да запали. Имате проблем со греење, имате проблем со апаратура итн. Според домашните анкети, ви зборувам пред пандемијата јавното здрвство нашите граѓани го оцениле со просечна оценка од доволен два, на сакал од еден до пет му дале доволен два. Мислам дека сето ова а и ситуацијата во здравството со почетокот на годината за доктори избркани од работа поради партизација погледнете ги прилозите на телевизија од болницата од Кочани, Виница од јануари 2020 и ќе ви стане јасно. Дополнително Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти на почетокот на годината излезе со тврдење дека од земјата се иселиле 400 лекари за само две години, рече Лефков.