Легендарен турски голман бара помош: Сите се очајни тука, сите умираат (ВИДЕО)

Легендарниот голман на Фенербахче и репрезентацијата на Турција, кој сега е тренер на Хатајспор, моли за помош и преку видео порака објаснува дека ситуацијата по земјотресот е многу лоша.

Волкан Демирел се наоѓа во градот Хатај кај границата со Сирија, односно во близина на епицентарот.

-Сите се очајни тука, сите умираат. Ве молам, ситуацијата е многу лоша. Не можеме да стигнеме до луѓето. На нив им треба помош, Бог нека помага, стои во неговото видео со апел со сите.

https://twitter.com/eurofootcom/status/1622512775233695749?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1622512775233695749%7Ctwgr%5Ec9afd345b96af8fb7c6e4797f2ef10e3f152f7f6%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2Fpomosh-ovde-site-umiraat-potresno-video-vo-koe-legendarniot-turski-golman-se-gushi-vo-solzi-od-gletkata-ke-vi-se-raspara-srtseto-video%2F