Легендарниот Пеџа Мијатовиќ со цело срце ќе навива за Македонија

Поранешниот прославен југословенски фудбалер, Предраг Пеџа Мијатовиќ во интервју за српските медиуми говореше за претстојното Европско првенство кое стартува денеска со натпреварот помеѓу Италија и Турција.

Мијатовиќ за „Блиц“ откри дека Франција е репрезентацијата која е најголем фаворит за освојување на шампионатот, а во еден момент откри дека ќе навива за Македонија и селекторот Ангеловски кој е негов добар пријател.

– Не би рекол дека ќе бидам навивач на некој тим, но би сакал Хрватска да го повтори успехот од последното Светско првенство кога беа шампиони.

– Секако со цело срце ќе бидам и со Македонија чиј селектор е мојот пријател, Игор Ангеловски. Многу ми е мило што со својот тим дојде до историскиот успех, -изјави Пеџа Мијатовиќ за српски „Блиц“.