![NFL: Super Bowl LI-New England Patriots vs Atlanta Falcons](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/02/lejdi-gaga-i-kristiano-karino.jpg?resize=696%2C539&ssl=1)
Американската пејачка Лејди Гага ио Кристијано Карино ја прекинале свшувачката, потврдил извор близок на двојката за магазинот People.
„Едноставно не им одеше. Во таквите случаи најдобро е врската да се прекине без никакви драми“, рекол соговорникот.
Гага и Карино врската ја започнале во 2017 година, а нагаѓањата за нивната веридба почнаа неколку месеци подоцна.
Иако двојката тогаш сѐ уште во медиумите не зборуваа за прекин, гласините за крајот на романсата почнаа да кружат на 10-ти февруари кога Лајди Гага на доделувањето на наградите Греми се појави без вереничкиот прстен.
И претходно медиумите пишуваа за новата тетоважа на телото на пејачката која наводно му ја посветила на колегот од филмот „A Star Is Born“, Бредли Купер, а медиумските написи за раскинувањето со Карино одеа во прилог на таквите информации.
Лејди Гага, чиешто вистинско име е Стефани Германијата, номинирана е за наградата Оскар за 2019 година во категоријата најдобра актерка.