Леклер најбрз на сите три тренинга во Шпанија

Montmelo, Barcelona, Spain, 20 May 2022. EPA/Enric Fontcuberta

Моментално водечкиот во генералниот пласман во Светското првенство во класата Формула 1, Шарл Леклер од тимот на Ферари беше најбрз и на третиот тренинг во саботата пред трката за Големата награда на Шпанија.

Леклер, кој по пет трки има 19 бодови предност пред актуелниот шампион Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, беше најбрз и на двата тренинга во петокот.

Во саботата зад него останаа Верстапен и Британецот Џорџ Расел од тимот на Мерцедес како трет. Седумкратниот светски првак, Британецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес беше четврти, а Шпанецот Карлос Сајнц од Ферари е петти.

Трката за Големата награда на Шпанија ќе се вози во Барселона во недела во 15 часот.