Посебната советничка на премиерот Зоран Заев за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ленче Николовска си дала оставка од позицијата. Оставката на сила стапила на 1 ноември, потврдија за ,,Лидер” извори од Владата.
Во спогодбата за престанок на функцијата, Владата ја обврзува Ленче Николовска дека не смее да изнесува, преставува, зборува на јавни настапи негативни информации за Владата и нејзините членови по престанок на функцијата.
На истиот датум си отишле и други 17 вработени, меѓу кои имало и лица од повисоките владини структури.