Летниот караван на Црвена ѕвезда доаѓа во Куманово – сите можат да се сликаат со пехарот!

Во сабота (01.07.2023) на Градскиот плоштад во Куманово доаѓа летниот караван на Звезда. Програмата започнува во 18 часот. Големиот летен караван за прв пат доаѓа во Македонија. Караванот ја носи двојната круна освоена годинава од првиот тим на ФК Црвена ѕвезда, како и пехарот од Бари и им овозможува на сите членови на клубот да се сликаат со нив.

Тричасовната дружба ќе биде исполнета со песни и реквизити на ФК Црвена ѕвезда, а особено радосни се приказните на навивачите и постарите кои се сеќаваат на Црвена ѕвезда, но и на најмладите кои штотуку ја откриваат својата љубов кон клубот.

Настанот е објавен и на Фејсбук, истиот можете да го погледнете ТУКА.