Летово стартува бродска линија Поградец-Охрид-Струга

Албанскиот министер за транспорт, Едмонд Хаџинасто, најави дека од 15 јуни до 15 септември треба да започне да сообраќа бродската линија Поградец-Охрид-Струга.

Хаџинасто во Поградец се запозна со текот на работите околу пристанишната инфраструктура која е наопходна за старт на бродската линија.

„Реконструкцијата на пристаништето се прави со цел да се воспостави бродската линија со Охрид, но јас сум убеден дека ќе даде еден целосно нов импулс на туристичката понуда“, рече Хаџинасто.