Лев го брани очајниот Месут Озил

Убедливо најмногу негативни критики по завршувањето на пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Германија и Камерун доби најскапата аквизиција во клупската историја на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Месут Озил.

И покрај негативните коментари кои се сосема заслужени со оглед на фактот дека искусниот играч за врска игра под очекуваното ниво во последниот период, предводникот на Германија, Јоаким Лев по натпреварот затана во одбрана на Озил.

“Факт е дека Озил немаше свој ден, не одигра како што се очекува од него, но нема место за никаква паника. Можам да кажам дека Озил треба да тренира со полно темпо уште две недели. Потоа ќе го видите вистинското лице на Озил. Јас сум убеден дека Месут ќе одигра фантастично на престојниот Мундијал во Бразил”, изјави селекторот на Германија.