Левандовски го повреди коленото на тренинг на Баерн

Полскиот фудбалер Роберт Левандовски поради повреда беше принуден предвреме да го заврши денешниот тренинг со Баерн. Тој се лизна при вежбање удари кон голот, и долго лежеше на теренот.

Леванодвски им пријде на лекарите држејќи ги двете колена. По некое време, тој се обиде да продолжи со својата работа, но набрзо го напушти теренот, куцајќи.

Фудбалерот отиде на преглед, чии резултати ќе бидат познати подоцна.

Следниот натпревар Баерн го игра на 19 март. Избраниците на Јулијан Нагелсман ќе се сретнат со Унион.