Напаѓачот на полската фудбалска репрезентација и на минхенски Баерн, Роберт Левандовски е стрелец во 2019 година со 54 погодоци.
Левандовски во текот на оваа година впиша 58 настапи за полската селекција и за Баерн на кои ги постигна 54-те гола.
На второто место е Аргентинецот Лионел Меси со 50 погодоци во дресовите на националната селекција и Барселона, додека трет е Французинот Килиан Мбапе, кој за ПСЖ и „Триколорите“ во календарската 2019 година постигна 44 погодоци.
На четвртото место е напаѓачот на Манчестер Сити и англиската репрезентација Рахим Стерлинг со 41 гол, а првата петорка ја заокружува Израелецот Еран Захави кој настапува за кинески Гуангжу, а постигна 40 погодоци.
НАЈДОБРИТЕ 10 СТРЕЛЦИ ВО 2019-та
54 – Роберт Левандовски (Баерн и Полска)
50 – Лионел Меси (Барселона и Аргентина)
44 – Килијан Мбапе (Пари Сен Жермен и Франција)
41 – Рахем Стерлинг – (Манчестер Сити и Англија)
40 – Еран Захави (Гуангжу и Израел)
39 – Кристијано Роналдо (Јувентус и Португалија)
38 – Алфредо Морелос (Ренџерс и Колумбија)
38 – Карлос Вела (Лос Анџелес и Мексико)
36 – Андраж Шопар (Слован Братислава и Словенија)
35 – Ерик Сорга (Флора и Естонија)
35 – Карим Бензема (Реал Мадрид – Франција)
35 – Серхио Агуеро (Манчестер Сити и Аргентина).