Полскиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Роберт Левандовски откри дека сака со трофеј да се збогува од „црно-жолт” дрес.
Искусниот напаѓач на стартот од летниот преоден рок ќе биде претставен како најнова аквизиција на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М).
„Јас имам една зацртана цел, сакам со најмалку еден освоен трофеј да се збогувам од дресот на Борусија од Дортмунд. Сепак сите сме свесни, сите знаеме дека мора да ја подобриме нашата игра. Имаме голем проблем со здравствениот билтен, но ние имаме обврска да го дадеме максимумот на секој натпревар. Знам дека има и такви кои веруваат дека јас повеќе не сум заинтересиран, дека повеќе не го давам максимумот, но јас веќе докажав дека и понатаму сум составен дел од Борусија и дека сум важен фудбалер за овој клуб. Сакам со пехар да се збогувам со најверните фанови и со моите соиграчи”, изјави Левандовски.