Левандовски сака да замине, но претседателот на Баерн вели дека има уште една година

Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ вчера кажа дека полскиот напаѓач Роберт Левандовски сака да замине, а тоа го потврди подоцна и самиот фудбалер, по што претседателот на Баерн Минхен конечно го прекина молкот.

Херберт Хајнер го кажа своето мислење за ситуацијата околу полскиот голгетер.

„Повторно ќе ви кажам, Левандовски има договор со нас до 2023 година и дотогаш ќе игра за нас. Кога ќе потпишете договор, добро знаете дека не може да кажете дека некој ве тера да го раскинете“, кажа Хајнер.