Левица го осудува прифаќањето на „Република Илинденска Македонија“

Политичката партија Левица денеска преку соопштение го осуди „недостоинственото однесување на актуелниот премиер Зоран Заев и полтронскиот однос на владејачката коалиција предводена од СДСМ со прифаќање на името „Република Илинденска Македонија“ за севкупна употреба.

Во соопштението објаснуваат дека Левица се залага за итен и безусловен прекин на преговорите за името и отпочнување на меѓународно-правна процедура, преку Генералното собрание на Обединетите нации, за полноправно членство на Македонија под нејзиното уставно име.

Во нашата историја познати се многу дипломатски гафови: намигнување, признавање на држава која не постои, врачување на акредитиви на претседател што цел свет го бојкотира – но, неодамнешниот, со предлог-придавката „Илинденска“ е меѓу подобрите гафови што долго ќе се паметат и прераскажуваат, велат  в о соопштението.
Наместо решавање на критичните проблеми – сиромаштијата, здравството, образованието и судството – јавното мислење, преку аматерски и избрзани изјави на нашите самонаречени лидери, се штима да прифати губитнички позиции за името на Републиката.Во случај на иден референдум на државно ниво, Левица ќе ја предводи кампањата против промена на името, додааат оттаму.