Партијата Левица од поодамна посочи дека ќе го бојкотира референдумот на 30-ти септември, а оттаму се бунати за неправилности на кои би можеле да наседнат луѓето. Како што велат од Левица, доколку има повеќе прашања на референдумот, треба да има исто и толку гласачки ливчиња.
Според член 15 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, на едно гласачко ливче мора да има само едно прашање. Ако има повеќе прашања, за секое прашање треба да се даде посебно гласачко ливче. На сегашниов референдум ни се поставени три прашања, а ќе биде дадено едно гласачко ливче, велат од Левица.