Уредникот на Радио Лидер, Љупчо Златев, реагираше во четвртокот на социјалните мрежи, како што вели, поради напад од собраниската говорница од стана на лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев, поради негова наводна блискост со актуелната власт и притоа велејќи дека таквита напади се наводно по нарачка на руската амбасада во Скопје!:
„Ми кажаа дека Апсиев не спомнал од говорница во Собрание мене и медиумот кој го водам во негативен контекст.
Морам да бидам искрен, вчудоневиден сум од ваквиот однос. Радио Лидер како медиум секогаш важел за медиум отворен за политичката партија Левица и покрај бројните кампањи против нив кои доаѓаат од повеќе страни. Сме им пренесувале соопштенија, ни гостувале нивни бројни функционери, сме имале анализи и интервјуа.
Зборувал Апасиев дека сум работел за министерот Оливер Спасовски, иако јас имам напишано повеќе критики за Спасовски од цела политичка партија Левица заедно. Мене за разлика од Апасиев оваа влада ме гони и води кривичен случај за напишан текст во кој обелодени криминал на АНБ. Како може јас да работам за Спасовски? Затоа што пренесовме вест од друг медиум дека неговиот шофер се тепал по кафеани во Скопје?
Јасно ми е дека ме напаѓаат затоа што имаат нарачка од нивните газди од руската амбасада во Скопје. Им пречи што објавувам за нивната брутална агресија и што го имам украинското знаме на профилна слика. Во исто време, директниот атак кон мене и кон медиумот кој го водам доаѓа поради очигледната координација на Левица со СДСМ и нивната намера да ги омаловажуваат вистинските критичари на оваа власт“, пишува Златев