Левица од парламентот ќе се бори со сите сили против ваквите узурпатори и обиди за потиснување на слободата на говор и политичко изјаснување од страна на крупниот капитал, порачуваат од партијата.
„Тие вечерва имале непријатна ситуација во скопската општина Аеродром, но на крај излегле како победници.
Мала победа на локалниот огранок на Левица – Аеродром, огромна победа за обичниот народ.
Вечерва од страна на менаџментот на Капитол Мол имаше обид за наше замолчување и повреда на правото за слободно политичко изразување во ек на политичка кампања.
Имено нашите активисти од ЛО Аеродром поставија штанд за делење флаери и програми на јавна површина пред Капитол Мол, каде дојде менаџментот со обезбедување во обид да нѐ избркаат.
На крајот повикаа полиција која не можеше да им удоволи на нивните желби, бидејќи нашите активисти имаа спремно документи од катастар каде јасно се гледа до каде е имотот на Капитол мол, а каде е јавна површина.
На крајот нашите активисти си ја завршија задачата за која беа дојдени, додека менаџментот на Капитол Мол се нервираше и вртеше телефони да фаќа врски за да нѐ избркаат со помош на полицајците, но сепак не успеаа во нивните нелегални намери“, велат од Левица.