Левиот центар во ЕУ сака мнозинско гласање за некои надворешнополитички теми

Главните партии од левиот центар застапени во Европскиот парламент веруваат дека Европската унија би требало постепено да премине на мнозинско гласање во некои сфери на надворешната политика, според нацрт документот на Партијата на европските социјалисти (PES) до кој дошил Reuters.

Надворешната политика на ЕУ моментално бара едногласен договор на сите земји членки, што критичарите велат дека го кочи носењето на одлуките и дека е особено проблематично во време на големи кризи, како што е војната меѓу Русија и Украина.

Од друга страна, пак, помалите земји, вообичаено, стравуваат дека нивните национални интереси нема да бидат заштитени соодветно без правото на вето.

Меѓу социјалистичките челници коишто во петокот ќе дојде во Берлин на дводневниот самит на PES се лидерите на владите на Шпанија, Португалија, Шведска, Норвешка и Финска.

Партиите на левиот центар моментално се дел од 13 од 27-те влади во ЕУ, вклучително и тричлената коалиција во Германија под водството на социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц кој во саботата ќе го одржи говорот кој се оценува како клучен.

Европските социјалисти веруваат дека правилата на ЕУ за национална државна поддршка би требало да биде ублажена за да се пружи повеќе финансиски поддршка за борба против разорното влијание на моменталната енергетска криза, според нацртот од завршната изјава од самитот на PES.