– Градот Скопје првпат оваа година успеа да набави реквизити и справи за лица со посебни потреби коишто се инсталирани во салите на две средни училишта на Град Скопје „Михајло Пупин“ и „Здравко Цветковски“, каде што два дена во неделата лицата со посебни потреби ќе можат да доаѓаат и да се рекреираат и да се дружат. Има справи од различни видови и мислам дека ќе ги задоволат различните потреби на корисниците. За набавка на овие справи Градот Скопје издвои 1,5 милиони денари. Сакам да напоменам и дека обезбедивме и инструктори, односно овие часови ќе се одвиваат под стручен надзор на стручни лица коишто ги плаќаме околу 300. 000 денари. Исто така, има лица од Црвен крст доколку некој се повреди или има потреба да му се укаже лекарска помош. Мислам дека ова е една многу важна работа со оглед на тоа што сакаме да им помогнеме на лицата со посебни потреби што повеќе да се социјализираат и да се дружат. Во разговор со нив стекнав впечаток дека се задоволни што се дојдени овде и што имааат можност да вежбаат и да се дружат. Градот Скопје и во наредната година ќе инвестира во набавка на дополнителни справи и за таа цел во Буџетот за наредната година веќе се предвидени средства. За набавката на новите справи веќе сме во преговори со председателите на здруженијат на лицата со посебни потреби. Исто така, ќе го приспособиме и автобускиот превоз за нивните потреби, истакна градоначлникот Трајановски.
Лицата со посебни потрени во СУГС „Михајло Пупин“ ќе може да вежбаат секој вторник и четврток по следениов распоред: во 19:00 часот спортско рекреативни активности за лицата со телесен инвалидитет, а во 20:00 часот спортско рекреативни активности за лицата со оштетен вид.
Во СУГС „Здравко Цветковски“ ќе може да вежбаат секој вторник и петок по следниов распоред: во 19:00 часот спортско рекреативни активности за лицата со интелектуална попреченост, а во 20:00 часот спортско рекреативни активности за лицата со оштетен слух.
Претседателот на Спортската федерација на Македонија за слепи истака дека ова е одлична можност лицата со посебни потреби да се рекреираат и да го подобрат своето здравје.
Бранимир Јовановски, член на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје – Мобилност и инструктор го изрази своето задоволство од реализацијата на овој проект и набавката на овие справи и услови за спортување на лица со посебни потреби во текот на целата година. Тој истакна дека во наредна фаза очекува да се продолжи со активноста седечка одбојка и кошарка во колички, што се екипни спортови коишто се на програмата на параолимписките игри, како и надеж дека ќе има заинтересираност за овие спортови.
Ги информираме сите заинтересирани граѓани, како и граѓански организации во кои членуваат лицата со посебни потреби, да учествуваат во спортско рекреативните активности во посочените училишта.
Овој проек го реализира Секторот за јавни дејности, преку Одделението за социјална детска и здравствена заштита и Одделението за спорт и млади, како и здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје – Мобилност Скопје.
Лица за контакт, тренери коишто ќе ги водат часовите:
Даниел Трбогазов тел:078/352-437
Бранимир Јовановски тел:070/211-772
Влатко Трајчевски тел:075/951-038