Лице од „црната листа“ долетало од Авганистан во Британија

Лице од ткн „црна листа“ и на кое му е забранет влезот во Велика Британија со воен авион долетало од Авганистан во земјата во рамките на евакуацијата од кабулскиот аеродром, извести Sky News во понеделникот.

Неидентификуваното лице долетело во Бирмингем во централна Англија, пренесе телевизијата. Нема поединости за тоа што натаму се сличило со ова лице.

„Во Авганистан имаше луѓе кои претстауваат сериозна закана за националната и јавна безбедност. Од тие причини владата спроведува детални проверки за да се спречи во Британија да влезат оние за кои има сомневања дека се милитанти или дека претставуваат безбедноста закана“, одговорил на прашање на Sky портпаролот на британската влада.

Во прилогот на Sky News се наведува и дека висок функционер на граничната полиција има рекол дека пет лица од „црната листа“ се обиделе да го напуштат Авганистан со британска помош и дека четири од нив се запраени. Петтото лице успеало да дојде до Бирмингем, додал.