![400x225_cmsv2_2dddf394-fff3-5211-9824-d9b3cbdc0a17-6195214](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/400x225_cmsv2_2dddf394-fff3-5211-9824-d9b3cbdc0a17-6195214.jpg?resize=400%2C225&ssl=1)
Речиси 800 лични предмети на Ејми Вајнхаус, а меѓу нив и кусото здолниште кое прерано починатата британска музичка ѕвезда го носеше на својот последен јавен настап, се продаваат на наддавање овој викенд на Беверли Хилс.
Музичарката која почина на 27-годишна возраст борејќи се со тешката зависност од алкохол и дроги, биеше исвиркана на својот последен концертво јуни 2011 година во Белград, кога на сцената излезе алкахолизирана без да може да се сети на зборовите на песните.
Поради овој скандал турнејата беше откажана а Ејми Вајнхаус почина еден месец подоцна.
Таа вечер беше облечена во залено-црно фустанче со мотиви на цвеќа и бамбус, креиранo од стилистката Наоми Пери. Се очекува ова здолнiште да биде продадени по цена од 15.000 до 20.000 американски долари на наддавњето кое го органзира аукциската куќа Julien’s Auctions во сабота и недела.
На продажба се понудени 800 збирки, а станува збор за облека, модни додатоци, музички инструменти, книги, носачи на звук во различен формат. Се очекува дека може да се соберат два милиона долари, а личните предмети на продажба ги понудија родителите на пејачката Мич и Јанис Вајнхаус.
„Многу е тешко да биде организирана аукција со родителите на починатото дете. Беше потребно многу време за да ја прифатат замислата за продажба, но сфатија дека предметите ќе им припаднат на обожавателите на нивната ќерка, на музеи и колекционери ширум светот“, изјави Мартин Нолан, директор на Julien’s Auctions
Родителите сакат со парите од продажбата да се основа фондација во спомен на нивната ќерка која би им помагала на младите луѓе да излезат од кругот на зависностите од опијати.
На продажба е понудена и рачната торбичка во форма на срце, којашто ја креирала модната куќа „Moschino“ а која Ејми Вајнхаус ја носеше на свеченото доделување на наградите Brit Awards во 2007 година. Торбичката, исто така, се проценува дека може да достигна цена меѓу 15.000 и 20.000 долари.