Новиот претседател на германската владеачка Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и можен иден канцелар, Армин Лашет, денеска изјави дека Германија не смее да се откаже од проектот за гасоводот „Северен тек 2“ заради апсењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални.
-Германија во следниот период го напушта снабдувањето со атомска енергија и енергијата добиена од јаглен и затоа за перидиот на транзиција и треба гасот, што го нема – изјави денеска Лашет, пренесоа британските медиуми.
Новиот шеф на ЦДУ смета дека случајот Навални не треба да биде поврзан со приватниот економски проект „Северен тек 2“ и предупреди на штетноста на „симболичката политика“.
– Мислам дека тоа е дно на политичката култура кога место трезвена дискусија за некој проблем тие се обидуваат да наметнат клишеа, рече Лашет.
Тој ги отфрли критиките дека е симпатизер на Русија и истакна дека го критикувал и дополнително го критикува апсењето на Навални, како и војната во Украина.
Лашет потсети дека Русија и претходно Советскиот сојуз веќе 50 години извезуваат гас во Германија и притоа одговори и на критиките на Вашингтон за „Северен тек 2“ изјавувајќи дека САД, исто така, купуваат нафта од Русија и „другите земји кои не спаѓаат во светлите примери кога станува збор до слободите и правата на човекот”.