Лидија Вукиќевиќ – попровокативна отколку во креветот (ФОТО/ ВИДЕО)

Актерката Лидија Вукиќевиќ (60) им пркоси на сите правила и изгледа попровокативно од кога било. Многумина знаат да се пошегуваат дека Вукиќевиќ го пронашла гралот на вечната младост и убавина.

Неодамна таа сподели фотографија во долна облека од својот кревет, а деновиве познатата актерка решила да ги посети спа-центрите на Фрушка Гора, па од таму објави фотографии кои привлекоа големо внимание.

На една од нив, актерката е потпрена на дрвена ограда во близина на еден од базените што ги посетила и замислено гледа во далечината додека позира во кралско сино бикини. Фотографијата за помалку од еден ден доби 14.000 „допаѓања“ а коментарите го преплавија Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)

Актерката Даница Максимовиќ и пејачката Индира Радиќ беа само дел од оние кои ентузијастички реагираа на најновата објава на актерката.

Актерката исто така објави и видео на кое се гледа како се радува на снегот. Како придружба на своите радости на снегот, Вукиќевиќ ја поставила популарната песна „Цвеќиња“ на Мајли Сајрус. Песната привлече големо внимание во јавноста бидејќи се работи за нумера која, наводно, им е упатена на поранешните љубовници со јасна порака дека жената може сама сè, па изгледа дека Лидија се препознала во неа.