Немаше голови на последниот натпревар од третото коло од групата Ф на Лига Европа, а фудбалерите на Виљареал и Макаби Хаифа освоија по бод.
Макаби Хаифа на тој начин го освои само вториот бод во групата, додека Виљареал пропушти можност да се израмни на врвот на табелата со француски Рен. Пред последното коло лидерот Рен има 12 бода, додека Виљареал два помалку. На третото место е Панатинаикос со четири бода, додека Макаби Хаифа има два бода.
Во последното коло Виљареал гостува кај Рен, додека Макаби Хаифа во Атина гостува кај Панатинаикос.