Фудбалерите на Тотенхем остварија минимална предност во првиот натпревар од полуфиналето на англискиот Лига куп, совладувајќи го Ливерпул со 1:0 пред своите гледачи.
Тотенхем сосема заслужено славеше и на тој начин му го нанесе само вториот сезонски пораз на Ливерпул. Водечкиот тим во Премиер лигата досега загуби само домашен првенствен натпревар против Нотингем Форест во сите натпреварувања.
Тотенхем ги имаше подобрите шанси на натпреварот, како и поништен гол во 76. минута. Стрелец тогаш беше Соланке, но по прегледот на ВАР, беше утврдена офсајд позиција. Решавачкиот гол го постигна 18-годишниот Швеѓанец Лукас Бергвал во 86. минута.
На самиот почеток од натпреварот, играчот на Тотенхем, Уругваецот Бентанкур се здоби со тешка повреда на вратот.
Реваншот на „Енфилд“ се игра на 6 февруари.
Во вторникот Арсенал и Њукасл го одиграа првиот полуфинален натпревар, а Њукасл победи со 2:0 на лондоснкиот стадион „Емирати“.