ЛЕ: Елмас и Наполи во судиското продолжение останаа без победата (ВИДЕО)

Во дерби натпреварот од последното коло од групната фаза во Лигата на Европа, Наполи и Реал Сосиедад одиграа без победник 1:1 и двете екипи обезбедија пласман во нокаут фазата.


Наполи може да жали за победата бидејќи имаше водство од 35. минута со голот на Зјелински, а израмнувачкиот гол го прими во 92. минута преку Вилијан Жосе.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 74. минута и тоа на местото на стрелецот на голот, Пјотр Зјелински.


Екипата на Арсенал е единствена која групната фаза во второто по квалитет европско клуско натпреварување ја завршува со максимален ефект, шест победи во шест меча. Последна жртва на „топчиите“ е екипата на Дундалк кој е совлада со 2:4, додека тимот на Ријека за кого не играше македонскиот репрезентативец Дарко Велковски со 2:1 го совлада АЗ Алкмар.