Лига на нациите: Германија го презема водството, Рамос промаши два пенала, Кулушевски стрелец за Шведска

Фудбалската селекција на Германија го презема водството во Групата 4 во најелитната дивизија од Лигата на нациите на УЕФА, откако во средбата од петтото коло ја совлада Украина со 3:1, а Шпанија во Швајцарија одигра 1:1 со два нереализирани најстроги казни на капитенот Серхио Рамоз.

Во пресрет на последното коло Германија има бод повеќе од Шпанија, а решавачки ќе биде нивната меѓусебна средба во Севилја.

Украина во Лајпциг поведе во 11 минута со голот на Роман Еремчук, но „Панцирите“ во продолжувањето на мечот направија резултатски пресврт со головите на Лерој Сане во 23 и Тимо Вернер во 33 и 64 минута.

Во вториот меч од групата Швајцарија и Шпанија во Базел ги поделија бодовите и одиграа 1:1, а средбата ја одбележа домашниот голман Јан Зомер кој одбрани два единаесетерци на Серхио Рамос, новиот европски рекордер по бројот на настапи за национаната селекција.

За Рамос ова беше 177-от настап за шпанската селекција, со што го надмина Џиџи Буфон кој има 176 мечеви за репрезентацијата на Италија. На Рамос му недостигаат уште седум натпревари за да го достигне светскиот рекордер, поранешниот египетски репрезентативец Ахмед Хасан со 184 настапи.

Швајцарија поведе во 26 минута преку Ремо Фрултер, а Рамос имаше можност да израмни во 57 минута од пенал но Зомер ја прочита неговата намера. Во 79 минута Швајцарија остана со играч помалку, откако Нико Елведи направи најстрога казна, Рамос доби нова шанса а Зомер уиште еднаш излезе како победник. Сепак, Шпанија и со играч помалку во претполседната минута од мечот успеа преку Жерат Морно да изрмани.

Пред последното коло Германија има предност пред Шпанија од еден бод, колку што е во предност и Украина пред Швајцарија.

 

Во Групата 3 од Лигата А, во возвратниот дуел Поргуалија како домаќин беше поразена од Франција со 0:1, а решавачкиот погодок го постигна Н’Голо Канте во 53 минута. „Триколорите“ со оваа победа на коло пред крајот си го обезбедија првото место и пласманот на завршниот турнир.

Во истата група Шведска во Солна со 2:1 ја совлада слабата Хрватска, а сите три погодока ги постигнаа домашните играчи.

Резултатот го отвори Македонецот со шведско државјанство Дејан Кулушевски кој во 36 минута доби топка од Лустиг и се спушти во противничкиот шеснаесетник, лесно се ослободи од Ковачиќ и пота со удар низ блокот од противнички играч го погоди долниот десен агол од хрватскиот гол. Водството на Швеѓаните го удвои Маркус Даниелсон во последните секунди од втората минута на судиското продолжение од првото полувреме, а истиот играч во 81 минута си постигна автогол.

Сега Хрватска и Шведска пред последното коло имаат идентични параметри и во следните дуели, првите дома со Португалија а вторит на гости кај Франција ќе се обидат да го сочуваат опстанокот во оваа дивизија.

 

РЕЗУЛТАТИ и ТАБЕЛИ

ЛИГА А

Група 3

Португалија – Франција 0:1
Шведска – Хрватска 2:1

Табела

  1. Франција 5 4 1 0 8-3 13
  2. Португалија 5 3 1 1 9-2 10
  3. Хрватска 5 1 0 4 6-12 3
  4. Шведска 5 1 0 4 2-8 3

 

Група 4:

Германија – Украина 3:1
Швајцарија – Шпанија 1:1

Табела

  1. Германија 5 2 3 0 10-7 9
  2. Шпанија 5 2 2 1 7-3 8
  3. Украина 5 2 0 3 5-10 6
  4. Швајцарија 5 0 3 2 6-8 3

 

ЛИГА Ц

Група 1

Азербејџан – Црна Гора 0:0
Кипар – Луксембург 2:1

Табела

  1. Црна Гора 5 3 1 1 6-2 10
  2. Луксембург 5 3 0 2 7-5 9
  3. Азербејџан 5 1 2 2 2-4 5
  4. Кипар 5 1 1 3 2-6 4

 

ЛИГА Д

Група 1

Малта – Андора 3:1
Летонија – Фарски Острови 1:1

Табела:

  1. Фарски острови 5 3 2 0 8-4 11
  2. Малта 5 2 2 1 7-5 8
  3. Летонија 5 0 4 1 3-4 4
  4. Андора 5 0 2 3 1-6 2

 

Група 2

Сан Марино – Гибралтар 0:0

 

Табела

  1. Гибралтар 3 2 1 0 2-0 7
  2. Лихтенштајн 3 1 1 1 2-1 4
  3. Сан Марино 4 0 2 2 0-3 2